Поларник
напоредник From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Поларник или поларен круг[1] — поим кој може да се однесува на Северниот (арктички) или Јужниот (антарктички) круг што го опишува напоредник. На Земјата, Северниот Поларник се наоѓа на 66° 33′ 44″ СГШ, а јужниот на 66° 33′ 44″ ЈГШ.[2]

Подрачјето помеѓу еден поларник и неговиот пол (северен или јужен) се нарекува студен појас. Ова подрачје во теорија би требало да има барем по едно деноноќие годишно каде сонцето е постојано над хоризонтот и едно деноноќие годишно каде сонцето е постојано под хоризонтот. Меѓутоа атмосферското прекршување по малку ја проширува областа на постојан ден, и за сметка на тоа по малку ја смалува областа на постојана ноќ.
Точната местоположба на поларниците се менува од година во година зависно од поместувањето на Земјината оска што се јавува поради појавите наречени нутација и прецесија. Горенаведените положби се вопросечени.
![]() |
Поларниците. |
Remove ads
Поврзано
- Северен Поларник (арктички)
- Јужен Поларник (антарктички)
- Поларен регион
- Арктик
- Антарктик
- Поларна клима
- Поларен ден и поларна ноќ
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads