Преживелиците на мачорот Тошо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Преживелиците на мачорот Тошо“ или само „Машорот Тошо“ – роман за деца на српскиот писател Бранко Ќопиќ.
Содржина
Романот се состои од следниве делови:[1]
- Вовед
- Прва глава. Таинствена кола, уште потаинствена вреќа и многу таинственото мрдање во вреќата — Дали вреќата е госпоѓа или разбојник? — Возење кон гибел
- Втора глава. Од која ништо не се гледа, затоа што се наоѓаме во вреќа, но затоа сепак се слуша по нешто (прпеишано до дневникот на Тошо)
- Трета глава. Воденицата кај која не стигнува пладнето — Од пилешки до слоновски дроб — Полна кола со арамилаци — Миризбите од непознатата меана
- Четврта глава. Необичната меана без третото магаре — Фаќање на месечината — Вреќо, фрли ме в река! Кој е меанџија, а кој чичко-Триша, тоа го знае само мачорот — Исчезнување на вреќата
- Петта глава. Барање — Што вели сомот — Полна кола со полни вреќи — Две кила просо за три царства — Дожд од ракија — Умен оглас и проглас
- Шеста глава. Глушец ми се качува по плеќите — Јуриш на зајаците — Чекорите на непознатиот — Се кревам во воздухот
- Седма глава. Необичен пазар — Глушецот пророк — Продавам Лав! — Пророк во лавска вреќа — Оган под табаните, народе! — Лавот ја чека мечката
- Осма глава. Сојузниците глушецот и мачорот — Од мрачната вреќа под сонливата ѕвезда — Појава на третиот сојузник — Тресикруша Пченковски — Таинствениот план
- Деветта глава. Бран од страв пред мечката — Израстресените реченици: Бегај, кнезу! Мачорот-лав го јаде месецот — Насмеаната круша — Од небото паѓаат мачори
- Десетта глава. Пак во вреќа — Брковата чадена сланина — Чевли од орев — Лизгав свет — Коњот скока на глушецот — Километар живот за два прста канап (препишано до дневникот на Тошо)
- Единаесетта глава. Еве за нас војвода! Големо осбрание на глувците — Кој ќе им беси ѕвонци на мачките — Потрага по Тошо — Цела коњица против еден војвода
- Дванаесетта глава. Состанок во ноќта — Слобода и сланина — Големата гозба — Јавај ме, пророку! — Зачудените сончогледи — Заминување во војводството — Страшниот глас и стапот
- Тринаесетта глава. Трчање по јаката и шарениот торбак — Некој дише во мрачната пештера — Очи со очи со Треси-Круша — Двајцата патници и двете сенки
- Четиринаесетта глава. Меанџијата ја кори пропаста — Читање на трагите — Жолтковото лажење и големото страдање — Наерената воденица од прегратки — Пијаните палта
- Проштална глава. Времето се краде, врви и лета — Брашнавата глава — Необична дружба — Жолта дамка на хоризонтот — Месечината над ќелавата глава
Remove ads
За делото
Делото било објавено на македонски јазик во 1961 година од издавачката куќа Култура. Преводот го направил Симон Дракул, јазичната редакција е дело на Лидија Ежова, а Иван Велков е автор на нацртот на корицата. Книгата има 67 страници, а била испечатена во печатницата „Нова Македонија“.[2]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads