Примера Дивисион (Шпанија)

фудбалска лига во Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Примера Дивисион (Шпанија)
Remove ads

Примера Дивисион на Шпанија, попозната и како Ла Лига или Ла Лига ЕА Спортс поради спонзорски причини,[1] е професионална фудбалска лига во Шпанија. Таа е највисокото ниво на шпанскиот фудбал и е управуванa од Liga de Fútbol Profesional.

Кратки факти Земја, Конфедерација ...

Лигата е основана во 1929 година. Во неа се натпреваруваат 20 екипи, од кои последните три на крајот на секоја сезона испаѓаат во Сегунда Дивисион и од таму биваат заменети со други три.

Најуспешен клуб во натпреварувањето е Реал Мадрид со 36 титули, следен од Барселона и Атлетико Мадрид, со 27, односно 11 успеси.

На крајот од сезоната 2019-2020, Примера Дивисион го зазела првото место на рангирањето на УЕФА за клупски натпреварувања.[2] Во 2020 година, се нашла на 4-тото место на рангирањето на светските првенства во извештајот што го изготвува годишно IFFHS (3-то на континентално ниво).[3]

Remove ads

Формат

Во Примера Дивисион учествуваат 20 екипи, кои се натпреваруваат едни против други по Бергеров систем, секој против секого во два натпревари на домашен и на гостински терен. За секој натпревар, три бода се доделуваат на победничката екипа и нула бодови на поразената, во случај на нерешено, по еден бод се доделува на секоја екипа.

Екипата кој ќе заврши како прворангирана на крајот од првенството добива титула „Шампион на лигата“ (титулата „Шампион на Шпанија“ е резервирана за победникот на Купот на Шпанија) и го добива правото да учествува во групата фаза од Лигата на шампионите заедно со второ, трето и четврто пласираните екипи. Петтопласираниот екипа и победникот на Купот на Шпанија стекнуваат право на учество во групната фаза на Лига Европа, додека шестиот (или седмиот) тим на табелата ќе учествува во плејофот на Лигата на конференции. Последните три екипи на табелата испаѓаат во Сегунда Дивисион, шпанската втора дивизија.

Број на клубови учесници

  • 1929-1934: 10 клубови
  • 1934-1941: 12 клубови
  • 1941-1950: 14 клубови
  • 1950-1971: 16 клубови
  • 1971-1987: 18 клубови
  • 1987-1995: 20 клубови
  • 1995-1997: 22 клубови
  • 1997-денес: 20 клубови
Remove ads

Екипи

Екипи во сезоната 2024-2025

Шампиони

Remove ads

Статистика

Успешност по клубови

Повеќе информации Екипа, Титули ...

Пласмани по клубови

Ова се најдобрите пласмани на клубовите кои учествувале во досегашните 93 изданија на првенството од 1928-29 до 2023-24.

Повеќе информации Вкупно ...

Поединечни достигнувња

Статистиката е ажурирана на 3 мај 2024. Во болд се активни играчи.

Рекорд1. место2. место3. место
Играч со најмногу настапиШпанија Субисарета (622)
Шпанија Хоакин (622)
Шпанија Раул Гарсија (605)Шпанија Раул (550)
Играч со најмногу постигнати головиАргентина Лионел Меси (474)Португалија Кристијано Роналдо (311)Шпанија Телмо Сара (251)
Играч со најмногу асистенции Аргентина Лионел Меси (193) Шпанија Чави Ернандес (117) Франција Карим Бензема (105)
Играч кој најмногу пати освоил ПичичиАргентина Лионел Меси (8)Шпанија Телмо Сара (6)Мексико Уго Санчес (5)
Аргентина Шпанија Алфредо Ди Стефано (5)
Шпанија Кини (5)
Играч со најмногу освоени титулиШпанија Франсиско Хенто (12)Шпанија Пири (10)

Аргентина Лионел Меси (10)

Шпанија Амансио (9)
Шпанија Хосе Камачо (9)
Шпанија Сантиљана (9)
Шпанија Андрес Инјеста (9)
Шпанија Серхио Бускетс (9)
Тренер со најмногу натпревариШпанија Луис Арагонес (757)Шпанија Мигел Муњос (601)Шпанија Хавиер Ирурета (553)
Remove ads

Логоа

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads