Птици тркачи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Птици тркачи
Remove ads

Птици тркачи ( лат. ) претставуваат надред на птици кои не летаат (со исклучок на редот на тинамуи ( лат. ). Тие се најголемите птици што живеат на земјата денес. Иако имаат пердуви и закржлавени остатоци од крила, тие не можат да летаат затоа што се многу тешки и немаат доволно развиена "летна" мускулатура на.

Thumb
Птици тркачи

Особености

Птиците тркачи имаат на задните рабови на ребрата кукасти продолжетоци кое се протегаат до горниот раб на следното ребро, што значително придонесува за јачината на нивниот граден кош. Колку е птицата подобар летач, толку структурата подобро ѝ е развиена. Меѓутоа, оваа особина кај птиците скоро па да исчезнала. Поради оваа одлика тие така се нарекуваат, а името им потекнува од латинскиот збор ratis што значи сплав, чун .

И пердувите на овие птици се малку различно градени од другите птици. Пердувите од првиот и вториот ред не се доволно поврзани со куките, така што нивните пердуви се лабави, не се доволно затегнати и се многу помеки од пердувите на другите птици.

Ниту еден вид од редот казаруи (Casuariiformes), кивиј (Apterygiformes), ноеви(Struthioniformes) и нандуи(Rheiformes) не може да летаат. Ноевите и нанудите сè уште имаат крилја кои пред сè имаат ритуална улога, кај другите крилјата се значително намалени , додека некои немаат крилја воопшто. Додека летачките птици не можат да надминат одредена големина затоа што не би можеле да полетаат, птиците тркачки немаат такво ограничување. Зголемувањето на нивната големина ја зголемува безбедноста од грабливците. Подолгите нозе им даваат поголема брзина, а долгиот врат им овозможува да стигнат до храна од високите грмушки и дрвја. Телото може да прифати поголеми количини на храна затоа што нема потреба да одржува одредена телесна тежина заради летот. Ова значи дека варењето е побавно и затоа е поефикасно.

Мажјаците лежат на јајца. Гнездото може да содржи јајца од една или повеќе женки. Само со ноеви и со голем пегав кивиј, женката исто така лежи на јајца.[1]

Remove ads

Еволуција

На многу прашања во врска со овие птици сè уште нема одговор. Се воделе многу расправии за тоа дали овие птици, заради нивната неспособност да летаат, се попримитивни од другите птици. Нивниот мал мозок е едвај различен од оној на летачките. И редокуванито костур крилото ја следи истата шема како и со летачките. Сепак, тркачи во долгите коски немаат празнини исполнети со воздух, карактеристични за летачките. Денес, многу експерти веруваат дека тркачките птици потекнувале од птици што би можеле да летаат.

Првите тркачи живееја во времето на плеистоцен . Тие биле Lithornithiformes, ред птици што личеле на тинами. Нандусите се познати од еоцен, казуари од оилигоцена, мое тинамуи од миоценот,а слоновке и кивиј од плеистоцена.

Remove ads

Систематика

Во птици тркачи спаѓаат:

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads