Св. Атанас (Покрвеник)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Атанас — археолошко наоѓалиште во преспанското село Покрвеник. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа во просторот меѓу старата и новата населба, темелите на црквата „Св. Атанас“. При копањето на темели за нова црква мештаните откриле остатоци од постар објект. Со археолошките ископувања извршени од Музејската збирка во Ресен е пронајдено дека се работи за трикорабна базилика со нартекс, анекс-просторија на северната страна на нартексот и три простории на јужната страна, од кои едната е крстилница со кружна писцина. Подот во олтарниот простор е од малтер, а во наосот од плочи и печена земја. Покрај темелите од ѕидовите се најдени фрагменти од стебла на столбови, меноа, бази и два капитела.[1]
Remove ads
Поврзано
- Арапски Гробишта — некропола од средниот век;
- Висои — населба, базилика и некропола од доцноантичко и старохристијанско време;
- Покрвеник;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads