Симеон Георгиев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Симеон Георгиев
Remove ads

Симеон Георгиев Клинчарски или Симеон Кочански — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација и ВМРО.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Роден е во кочанското село Пресека, тогаш во Османлиското Царство, денес во Република Македонија. Влегол во ВМОРО во 1897 година. Во 1903 година, тој бил четник при Христо Чернопеев. Во 1904-1905 година, тој бил во четата на Крсто Б'лгаријата. По 1907 година до 1912 е самостоен војвода во Кочанско, во која секретар за некое време е Тодор Александров. На 1 февруари 1910 година, бил направен неуспешен обид за негово убиство во Пресека.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, тој бил војвода на Кочанската партизанска чета № 35 при Македонско-одринското ополчение, подоцна е на чело на Кочанската чета, служи во 13-та Кукушка дружина, во штабот на 3-та бригада на МОО, а во Втората балканска војна е во Здружената партизанска чета. Награден е со орден за храброст, IV степен. По војната, тој продолжил да дејствува во Кочанско со својата чета. Четник кај него е Јордан Мишов.

Thumb
Споменикот „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Клинчарски (14-ти во втората колона).

По Првата светска војна, тој се утврдил во Ќустендил и станал помошник на пунктовниот началник на ВМРО во градот. Клинчарски е едно од доверливите лица на Тодор Александров и дејствувал источно од реката Вардар.[1]

Клинчарски станал жртва на судирот меѓу ВМРО и владата на Александар Стамболиски. При средбата помеѓу претседателот на владата на Кралството на СХС, Никола Пашиќ и бугарскиот министер за внатрешни работи, Александар Димитров, во Белград на 30 мај 1921 година било договорено да бидат запрени навлегувањата на комитски чети во вардарскиот дел на Македонија. Најчувствителен бил регионот на Ќустендилско, каде ВМРО имала еден од најголемите гранични пунктови од каде нејзините чети навлегувале на територијата на Кралството. Поради таквите околности, бугарската влада го ангажирала Ангел Димитров, агент на државната безбедност, да им влезе во трага на месните раководители на ВМРО со цел да бидат спречени активностите на комитските чети.

На 29 јуни, Димитров по добиената наредба од Министерството за внатрешни работи, со петмина свои луѓе во Ќустендил, ја опколил куќата на војводата Симеон Георгиев, кој бил пунктов началник на ВМРО и го уапсил. При апсењето кај него биле откриени документи кои подоцна го поврзуваат со убиството на Ѓорче Петров. Во полицискиот участок Симеон Георгиев бил подложен на тешки измачувања од агентите на бугарската државна безбедност, бил претепан до смрт, а неговото мртво тело било префрлено со автомобил и оставено во близина на селото Жиленци, Ќустендилско. Според докази од ВМРО, убиството било дело на безбедносните служби на бугарската влада на БЗНС, но можно е да е резултат и на внатрешни пресметки за превласт во ВМРО.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads