Сина боја (хералдика)

хералдичка боја From Wikipedia, the free encyclopedia

Сина боја (хералдика)
Remove ads

Сина боја или азурна боја (скратено b или az) — нијанса на сината боја, која во хералдиката заедно со црвената, пурпурната, црната и зелената боја ѝ припаѓа на групата на „бои“. Во гравирањето, сината боја понекогаш е означена како подрачје на хоризонтални линии. Бојата својот назив го добила по скапоцениот син камен, познат како лапис лазули. Поимот најпрвин бил воведен во старофранцускиот јазик во 12 век, а потоа влегол во употреба при блазонирањето на грбовите.

Thumb
Сина боја на хералдички штит

Сината боја во хералдиката понекогаш се среќава во различни нијанси, кои се вели дека се поврзани со посебните значења на доблестите и претставуваат одредени елементи и скапоцени камења. Ваквото толкување, сепак, не било поддржано од страна на хералдичарите низ вековите.[1] Многу извори укажуваат на различни значења на сината боја, но најчесто се вели дека истата претставува скапоцен камен (сафир) или небесни тела (Јупитер[а]).[2]

Remove ads

Галерија

Белешки

  • а Планетата Јупитер исто така се поврзува со металот калај во алхемиското/окултното толкување на значењето на планетите.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads