Сиќевачка Клисура

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сиќевачка Клисураmap
Remove ads

Сиќевачка Клисура (српски: Сићевачка клисура – речна клисура и археолошко наоѓалиште во југоисточна Србија, локално најистакната геолошка и топографска одлика формирана на реката Нишава. Клисурата се наоѓа меѓу градовите Бела Паланка и Нишка Бања. Долга е 17 км, длабока 350 до 400 метра, на одредени делови постојат структури слични на кањон (вклучително и инверзни долински падини во Градишкиот Кањон). Клисурата е пресечена на висорамнината Куновица, меѓу јужните падини на Сврљишките Планини и Сува Планина. Околните области се познати по висококвалитетните лозја. Во клисурата се наоѓа каменоломот Островица и шест села. Најголемото, Сиќево е епоним за клисурата.

Кратки факти Место, Област ...
Remove ads

Археолошки наоди

Thumb
Пештери во околината на Сиќево

Во јуни 2008 година во пештерата Мала Баланица, една од пештерите во клисурата, била ископана долна вилица за која се претпоставува дека му припаѓала на Homo erectus.[1] Староста на овој фосил на вилична коска се проценува меѓу 397.000 и 525.000 години. Процената се заснова на електронска парамагнентна резонанса во комбинација со изотопска анализа на ураниумови низи и инфрацрвено/постинфрацрвено оптичко датирање. Морфологијата на мандибулата значително се разликува од поскорешните Homo heidelbergensis и целосно никакви заеднички одлики со Homo neanderthalensis. Ова вилица претставува една од растечкиот број примероци кои се откриваат во југоисточниот дел на европскиот континент. Таа прикажува плезиоморфни црти слични на erectus кои се поврзани со синапоморфните црти заеднички на хоминините од средниот плеистоцен.[2]

43.3167°N 22.1167°E / 43.3167; 22.1167

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads