Смешните кокети
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Смешните кокети (француски: Le précieuses ridicules) - драма во еден чин (комедија) на францускиот писател Молиер од 1659 година.

Содржина
За делото
Молиер доживеал огромен успех со „Смешните кокети“ при што тој играл една од главните улоги.[1] Комедијата-едночинка „Смешните кокети“ ги исмејува обичаите и светскиот салонски живот, на кој му недостасувала природност, и кој во основа бил лага и лицемерие: две кокетни госпоѓици го одбиваат додворувањето на две момчиња (гроф и маркиз), и се вртат кон други двајца кои се облечени како гроф и маркиз, а кои се всушност преоблечени слуги во таа облека. Ова интересно сиже му пружило можност на Молиер да го прикаже потеклото и психологијата на лицемерството во 17 век. Ова дело претставува пресврт во творештвото на Молиер, зашто во него првпат започнал да ги исмејува недостатоците на тогашното општество.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads