Софија Монфератска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Софија Монфератска била византиска царица, сопруга на византискиот царот Јован VIII Палеолог.
Софија била ќерка на маркиз Теодор II де Монферат и Жана де Бар.
На 26 јануари 1404 година Софија била свршена за Филипо Марија Висконти, син на миланскиот војвода Џан Галеацо Висконти. Но бракот така и не се одржал.
На 19 јануари 1421 година Софија била мажена за Јован VIII Палеолог, единствениот преживеан син на царот Мануел II Палеолог и Елена Драгаш. Во тоа време Јован бил соцар на својот татко. Според Сфранцес, бракот бил склучен во катедралата Света Софија во Цариград[1].
Мануил Палеолог испратил специјален амбасадор до католичкиот собор во Констанца, додека барал папска дозвола за склучување на брак меѓу Софија и Јован VIII. Проблем се покажало преминувањето на Софија од католицизмот во Православната вера. Конечно се добило дозвола од папата Мартин V, кој бил избран од соборот во Констанца.
Според гласините.[2][3], Јован VIII не бил задоволен од бракот и стоел подалеку од својата сопруга[2][3].
На 21 јули 1425 година починал Мануел VIII Палеолог, а престолот бил наследен од Јован VIII. Тогаш Софија ја подместила својата свекрва како постара царица. Сепак бракот меѓу Софија и Јован VIII бил раскинат во август 1426[4]. Софија не се преженила и починала осум години подоцна.
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads