Сојуз на пионери на Југославија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сојуз на пионери на Југославија
Remove ads

Сојуз на пионери на Југославија (српскохрватски: Савез пионира Југославије / Савез пионира Југославија ; словенечки: Zveza pionirjev Jugoslavije (ZPJ)) исто така познат како „Титовите пионери“ (Титови пионири / Titovi Pioniri) било пионерското движење на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Неговите членови, ги вклучувало сите деца на 7 години и постари, учествувале на годишна церемонија облечени во своите пионерски униформи.

Кратки факти Сојуз на пионери на Југославија Савез пионира ЈугославијеSavez pionira Jugoslavije, Основана ...

Униформата била составена од црвен шал, како и темносина капа, наречена титовка. Покрај темносини, титовките некогаш биле и бели, а на предната страна имале прикачено црвена петокрака. Пионерската марама и титовката често се носеле со бела кошула, сепак ова варирало според краиштата на Југославија. Момчињата често носеле темносини шорцеви или панталони, а девојките - сукни во иста боја, обуени во бели чорапи и црни чевли. Во посебни прилики, како што била посетата на Јосип Броз-Тито, пионерите понекогаш носеле традиционални носии од своите родни краишта.

Thumb
Пионери на Првомајската парада во Љубљана, 1961

Организацијата била основана на 27 декември 1942 година. Таа била организациска подединица во рамките на Сојузот на комунистичката младина на Југославија. Организацијата го издавала списанието „Мале новине“. Имала два оддела: помлади пионери (7-11 години) и постари пионери (11-15 години).[1]

За разлика од другите пионерски движења, Титовите пионери користеле милитаристички поздрав, во чест на сите млади кои се бореле заедно со југословенските партизани во Втората светска војна.

Remove ads

Зачленување и заклетва

Обично, церемонијата на зачленување се одржувала во основните училишта на седумгодишна возраст, во првите месеци од нивната прва училишна година, како дел од прославата на Денот на Републиката. По церемонијата децата добивале црвена пионерска книшка, слична на книшката која ја добивале членовите на Комунистичката партија. Книшката била потпишувана од „Претседателот на пионерскиот комитет“, постар пионер и служела како доказ за членството. Најмладата генерација Титови пионери е родена во 1982 година, кои ја зедоа својата книшка за членство во 1989 - 1990 година. Текстот заклетва на југословенски пионери (пионирска заклетва) можеби се разликувал од едно во друго училиште. Реконструиран од несовршени сеќавања, на македонски јазик:

Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор,
дека вредно ќе учам и работам,
ќе ги почитувам родителите и постарите,
и ќе бидам искрен и верен другар,
кој држи даден збор,
дека ќе го сакам нашиот дом,
Самоуправна Социјалистичка Федеративна Реппублика Југославија,
ќе развивам братство и единство
и идеите за кои се борел другарот Тито,
ќе ги ценам сите луѓе на светот кои сакаат слобода и мир!

Низ поранешните југословенски републики (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија), многумина се сеќаваат на своите денови како Титови пионери, па затоа не е невообичаено да се слушаат луѓе како се нарекуваат „Титов(а) пионер ка)“.[2][3]

Remove ads

Функција

Општествената функција од постанувањето на пионер во комунистичка земја била слична на функцијата на Првата причест во Римокатоличката црква. И во двата случаи, дете на раната возраст од околу седум години е приклучено на група во која индивидуите споделуваат одредени вредности и култура. Ова рано приклучување ја зголемува веројатноста дека, откако детето ќе стане возрасно лице, тоа ќе се идентификува со групата.

Децата биле учени да бидат одговорни и да оддаваат почит, од нив се барало да учат и работат напорно, исто така биле гледани како идни генерации на нацијата. Шапката се користи и ден денес.

Remove ads

Поврзано

  • Пионерско движење
  • Организација на млади пионери на Советскиот Сојуз
  • Камп на млади пионери

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads