Сојузни територии на Индија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сојузни територии на Индија
Remove ads

Сојузната територија е вид на административна единица во сојузната управа на Индија. За разлика од сојузните држави, кои имаат свои избрани влади, сојузните територии се под директна управа на сојузната влада; секоја територија има управник или намесник-гувернер што го назначува претседателот.[1]

Постојат седум сојузни територии. Главниот град на државата, Делхи, исто така е сојузна територија. Делхи и Пондишери имаат делумен статус на сојузна држава (Делхи како територија на главен град). Овие две територии имаат свои законодавни собранија и извршни совети на министри (кабинети), но нивната надлежност е ограничена бидејќи извесни законодавни постапки бараат согласност од претседателот.

Сојузните територии на Индија се:[1]

Териториите имаат посебни права и статус бидејќи се задолжени да ги штитат правата на домородните култури во подрачјето, да спречуваат политички проблеми поврзани со управните работи итн. За секоја територија постои можност да стане сојузна држава доколку се јави потреба од зајакнување на контролата во управата.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads