Споделување на екран
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Под терминот Споделување на екран (англ. Screen sharing)[1] генерално се подразбира технолошки овозможена способност за емитирање на содржината од еден компјутерски екран до еден или повеќе оддалечени Интернет корисници. Компјутерите можат да бидат поврзани во локална или поширока мрежа.
Со други зборови споделувањето на екран овозможува PowerPoint презентации, Word документи, слики и други содржини кои се стартувани на еден компјутер, во реално време да ги гледаат повеќе корисници, кои се наогаат на различна локација.
Remove ads
Карактеризација
Споделување на екран најчесто се користи за[2]:
- презентација
- соработување (видеоконференција и телеприсуство)
- обезбедување на техничка поддршка
- управување со компјутери
- надгледување на компјутерски-засновани испити
Клучни одлики на алатките и сервисите за споделување на екран се:
- Споделување само на специфични апликации. Ова е можност за одбирање на специфични апликации или документи за кои ќе се дозволи споделување, со што се заштитуваат другите материјали кои корисникот не сака да бидат видени од останатите корисници.
- Споделување на определен регион од екранот. Мал број на алатки дозволуваат селекција на делови од екранот кои ќе се прикажат на другите корисници.
- Промена на презентер. Дозволува некој друг учесник да го прикаже неговиот екран.
- Поддржува определен максимален број на учесници по сесија.
- Далечинско управување. Овозможува споделување на контролата врз глувче или тастатура со еден или повеќе коисници.
- Може да се врши на било кој тип на компјутер независно од оперативниот систем (Linux, Mac, Pc).
- Интегриран chat систем.
- Поддршка за VoIP.
- Интегрирана можност за телеконференција. Овозможува остварување на телефонски повици помеѓу учесниците за време на сесијата.
- Снимање. Можност за снимање на целата сесија.
- „Показник во живо“. Показникот на презентерот се исто така пренесува овозможувајќи им на останатите учесници делотворно да манипулираат со него.
- Јавна адреса за приклучување кон сесија. Можност за јавно објавување на сесијата, и лесно приклучување на други корисници.
Список на алатки за споделување на екран
Примери за најчесто користени алатки за споделување на екран се:[3][4]
- Vyew
- GoToMeeting
- Glance
- Persony
- LiveLook
- ezMeeting
- Microsoft Shared View
- Shareitnow
- eBLVD
- Netviewer
Алатки со далечинско управување
- GoToAssist
- RealVNC
- GoToMyPC
- Teamviewer
- Skyfex
- Techinline
- LiveLook CoBrowsing
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads