Споменик на политичките затвореници (Битола)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Споменик на политичките затвореници (Битола)
Remove ads

Споменик на политичките затвореници во Битола за време на Втората светска војна — меморијален комплекс во Битола.[1] Автор на споменикот е вајарот Александар Цане Јовановски.

Кратки факти Споменик на политичките затвореници, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Комплексот е изграден во близина на Црн мост и реката Драгор во паркче на чие место за време на бугарската окупација во годините на Втората светска војна се наоѓал Централниот областен затвор.[1]

Опис

Споменикот е комплексен, составен од повеќе елементи, по идеја на вајарот Александар Цане Јовановски, а по нацрти на дипл. инж. арх. Димитар Димитровски. Преку него ликовно е претставен фашистичкиот Областен централен затвор и она што тој оставил втиснато во битолската меморија.

Централна претстава е монумнетот од бронза во квадратен облик преку кој се доживува затворот и херојството. Сцени од садистички изживувања, бесења, синџири и приведувања, мачители и маченици, но и револуционерна школа, се дел од претставите што не оставаат никого рамнодушен.

Од левата страна на овој споменик, во имитација на затворска ќелија се наоѓа приземен мермерен постамент во вид на полуотворена ролна од папирус, во кого се дадени основните информации за затворот.

На јужната страна, во должина на сиот простор што го зазема споменикот, подигнат е пресечен ѕид од речни камења што го симболизира слободниот свет, но потсетува и на затворот. На средината, на вертикална плоча, пишува:

Тие беа камења кремени, посилни од јамките крвави, посилни од смртта зашто народот свој го сакаа, зашто за сончевина кренаа рака

стихови од наградена песна на битолскиот поет Радован П. Цветковски.

Од двете страни на плочава, поставени хоризонтално, се наоѓаат 13 бели мермерни плочи со имињата на 13 борци кои биле обесени или стрелани во затворот или на друго место со основни податоци за нив.[2]

Спомен-плочи

На ѕидот се спомен-плочите на:

Remove ads

Историја на затворот

Затворот бил отворен во јули 1942 година и во него биле сместени политички затвореници од југозападна Македонија. Од вкупно 250 затвореници, 50 се осудени на смрт со бесење, 20 на доживотен затвор, а останатите на 20 години.[1]

Според податоците на историчарот Александар Литовски, на 6 септември 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. Соочени со поразот на фашистичката власт Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на фашистичка Бугарија беше приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегаа од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучија во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на земјава од фашистичка окупација.[3]

Одбележување

Секоја година бегството на затворениците се одбележува на 6 септември со полагање на свежо цвеќе на „Споменикот на политичките затвореници“.[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads