Технички преглед на возила

From Wikipedia, the free encyclopedia

Технички преглед на возила
Remove ads

Технички преглед на возила – постапка пропишана од државни или локални власти во многу земји, во кои се врши технички преглед на возилото за да се осигура дека истото е во согласност со прописите за безбедност и загадување (емисија на издувни гасови, бука). Техничкиот преглед на возилото најчесто е периодичен, но може да биде вонреден или при пренесување на правото на сопственост на возилото. Вообичаен период за технички преглед на возилото е на година или две години и истиот се извршува во станици за технички преглед кои ги задоволуваат пропишаните услови во поглед на поставеност, опременост и функционирање.

Thumb
Тест на кочниците
Thumb
Станица за технички преглед на возила

Периодичниот технички преглед се врши заради проверка на техничка исправност на сите моторни и приклучни возила и воедно претставува предуслов за регистрација и задолжително осигурување на возилото. Целта на овој преглед е да се спроведе контрола на техничката исправност на возилата и намалување на влијанието на техничката неисправност на возилата во сообраќај на пат, односно зголемување на општата безбедност на патиштата.[1]

По успешно завршен технички преглед, во многу земји возилото добива налепница со месец и година на извршен преглед, за да се поедностават контролите.

Постои дискутабилност околу тоа дали периодичното испитување на моторните возила е економичен начин за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.[2][3][4] Неодамнешна анализа на промените во постапките за безбедносен преглед во Соединетите Американски Држави го обновија сомнежот за делотворноста на овие прегледи.[5]

Remove ads

Технички преглед на возила во Македонија[1][6]

Во Македонија првиот технички преглед, во зависност од видот на возилото, се извршува една, две или четири години по првата регистрација.

  • Една година – автобуси, товарни возила, возила за превоз на опасни материи, возила за јавен превоз на патници, приклучни возила...
  • Две години - мобилни машини, трактори и моторни возила со најмалку четири тркала, кои се користат за превоз на патници со не повеќе од 8 седишта, со исклучок на возачкото седиште.
  • Четири години – лесни приколки.

Периодичните технички прегледи на возилото се извршуваат на 6 месеци, година дена, две или четири години.

  • Шест месеци – автобуси, товарни возила, возила за превоз на опасни материи, возила за јавен превоз на патници...
  • Една година - мобилни машини, трактори и моторни возила со најмалку четири тркала, кои се користат за превоз на патници со не повеќе од 8 седишта, со исклучок на возачкото седиште.
  • Две години - доколку од првата регистрација на возилата од претходната точка нема поминато 8 години, периодичниот преглед се врши на две години.
  • Четири години – лесни приколки, приколки за домување и посебни приклучни возила за превоз на чамци, водени скутери и други уреди за спорт и рекреација под 3500 кг.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads