Фантомот на операта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фантомот на операта (француски: Le Fantôme de l'Opéra) — роман од францускиот писател Гастон Леру. Романот се појавува како фељтон во списанието Le Gaulois (од септември 1909 до јануари 1910), а во целост е објавен во март 1910[1].

Романот е инспириран од љубовна приказна на стара опера[2] и од гласините дека постојат тајни лавиринити и одаи под париската опера во втората половина на XIX век. Од друга страна Леру е поттикнат и од пожарот на Базар де ла Шарите, годишен саем, кој на 4 мај, 1897 е причина за многу жртви.
Во романот се раскажува за прима-дона на париската опера која за време на една изведба е киднапирана од „фантом“. Насловниот лик ја носи девојката во својот стан каде и ја изјавува љубовта, додека таа се обидува да ја открие мистеријата зад неговата маска.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads