Цапаревска Река

река во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Цапаревска Рекарека во Мелничко (Општина Струмјани), Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 24 км и ги одводнува источните делови на Малешевските Планини.[1]

Кратки факти Цапаревска Река, Местоположба ...

Реката извира на 1.372 м.н.в., околу 300 м западно од врвот Голак (1.453 м) во средишниот дел на Малешевските Планини. Тече во правец исток-југоисток, во релативно длабока долина обрасната ретка шума и еродирани падини. На крајот се влева во Струма кај с. Микрево во Општина Струмјани, на 125 м.н.в.[1]

Сливот на реката зафаќа 78 км2, што претставува 0,45 % од вкупниот слив на Струма.[1]

Главни притоки: → лева, ← десна

  • → Правеца
  • ← Рибничка Река
  • ← Липовска Река
  • → Горемска Река (најголема)

Реката претежно се напојува од дождови. Најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.[1]

По течението на Цапаревска Река нема население места освен Микрево кое се наоѓа кај самото устие.[1]

Сосем мал дел од водите на реката се користат за наводнување, и тоа највеќе во околината на Микрево.[1]

Remove ads

Поврзано

Карти

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads