Црква „Вознесение Христово“ - Живојно
црква во селото Живојно From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово – главна селска црква во селото Живојно.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во североистоичниот дел од селото.
Историја
Црквата е изградена во 1885 година. Непосредно по Втората светска војна била обновена, а во 1990 година била реновирана.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со прозорец, а црквата има и два споредни влеза на јужната страна, а над едниот од нив има ниша со фреска во лоша состојба на којашто не може да се забележи што е претставено. Храмот е еднокорабен со полукружен свод и е граден од камен. Внатрешноста е зографисана и е обогатена со икони и книги.[2]
Во дворот на црквата се сместени камабанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и во горниот дел, во висина на ѕвоното, е тесно отворена од сите страни.
Галерија
- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Споредниот влез со нишата
- Спореден влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads