Црква „Св. Ѓорѓи“ - Мартиновци
црква во селото Железна Река From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи — селска црква во маалото Мартиновци во гостиварското село Железна Река, Македонија.
За други истоимени места, погледајте Црква „Св. Ѓорѓи“ - Железна Река.
Денешната црква е подигната во 2015 година на темели на некогашната градба, која била целосно срушена и денес не постои.[1]
Remove ads
Историја
Според преданијата, на местото каде што е возобновена црквата, пред неколку века се наоѓал манастир со конаци и со три големи камбани.[1] Манастирот се наоѓал во месност викана Буринец.[2]
На местото на некогашниот буринечки манастир била подигната мала капела по 1918 година,[2] која во 2015 година била срушена и на чие место е подигната новата византиска градба.
- Поглед на старата црква од патот
- Старата црква со камбанаријата
- Внатрешноста на старата црква
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на влезот во самото село Железна Река, во маалото Мартиновци. Таа е сместена на пространа ливада, видлива од самиот пат.[1] Околу црквата се наоѓаат гробишта на маалото Мартиновци.
Архитектура
Градбата на новата црква е во византиски стил.[1]
Фрескоживопис
Во црквата се изведуваат активности за живописување на црквата.[1]
Галерија
- Селски гробишта
- Поглед на црквата
- Влезот
- Ниша над влезот
- Куполата
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Внатрешноста
Поврзано
- Гостиварско архијерејско намесништво
- Гостиварска парохија
- Железна Река
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads