Црква „Св. Василиј“ - Бер
црква во Бер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Василиј (грчки: Άγιος Βασίλειος) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата „Големи Свети Бессребреници“.[2]
Изградбата има две фаз. Првата е жртвеникот и не се знае кога е подигната; остатокот од храмот е од XVIII век.[3] Нема зачуван живопис.[1] Градбата претставува правоаголна двокорабна базилика со четириводен дрвен покрив и женска црква на запад. Влезот од југ води во наосот. До женската црква се стасувало по полуотворено дрвено скалиште до влезот од јужната страна, но подоцна е уништено. Двата кораба во внатрешноста се поделени со една колонада од дрвени столбови.[4] Нема зачувани фрески, а иконостасот е обичен.[3]
- Икони од храмот
- „Богородица Слаткољубива“, XIV век
- Среден дел од триптих со Свети Никола, XVII век
- „Богородица Молителка“, XIII век
- „Богородица Патеводителка“, XV век
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads