Црква „Св. Власиј“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Власиј“ - Берmap
Remove ads

Свети Власиј (грчки: Αγίου Βλασίου) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот е дел од парохијата „Св. Петар и Павле“.[3] Прогласен е за споменик на архитектурата.

Кратки факти Свети Власиј, Место ...
Remove ads

Архитектура

Оваа доцновизантиска црква е изградена на почетокот на XIV век како еднокорабна базилика со шестстрана апсида на исток. Малку подоцна на јужната страна е додаден портик. Во XVI век обликот му е радикално променет, кога се урнати делови од северната и целата западна страна, и на нивно место се направени два големи лака.[1][2]

Живопис

Храмот е живописан со вредни фрески во XIV, XVI и XVIII век. Првичните фрески се датирани околу 1320 г. и се наоѓаат на источниот ѕид на наосот, меѓу кои се истакнуваат оние на Богородица во полн раст со малиот Исус и два ангела, Благовештението, Вознесението, Рождеството Христово, Сретението Господово, како и на светецот-покровител Власиј во полн раст и сцени од неговиот живот. Многу фрески во средишниот кораб се од XVI век, а од XVII век се оние на северниот ѕид на наосот.[1][2]

Remove ads

Галерија

Thumb
Апостолски фриз, XIV век. Од лево надесно: Јаков, Андреј, Тома, Марко, Лука, Петар, Богородица, Христос и Јован Претеча, Матеј, Јоан, Вартоломеј, Симон и Филип

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads