Црква „Св. Илија“ - Бањане

црква во Бањане, Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Бањанеmap
Remove ads

Св. Илија Горницрква во скопското село Бањане, Општина Чучер-Сандево. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА. Претставува храм на истоимениот манастир. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Сместена е на падините на Скопска Црна Гора, недалеку од селото и долината на Бањанска Река.[2]

Манастирската црква мала еднокорабна градба со тристрана олтарна апсида од исток, изградена во XIV век. Од северната страна црквата е споена со карпа која ѝ дава необичен изглед. Внатрешноста е покриена со живопис од кој се распознаваат два слоја. Првиот е постар и датира од самата изградба на црквата.[2]

Во 1846 година иконостасните икони се обновени од Дичо Зограф, што е наведено на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона на Исус Христос Седржител, потпишана и датирана со 1846. Негови се и осумте апостолски икони.[3]

Remove ads

Слики

Поврзано

  • Северноскопско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads