Црква „Св. Константин и Елена“ - Негрево

црква во селото Негрево From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Константин и Елена“ - Негревоmap
Remove ads

Свети Константин и Елена — главна селска црква во малешевското село Негрево.[1] Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Според натписот над влезната врата, црквата била изградена во 1858 година.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во западниот дел. Од западната и јужната страна е доградена припрата, којашто е пониска од црквата и е придржувана од дрвени столбови. Влезот на црквата е од западната страна, а спореден влез има и од јужната страна. Над главниот влез има натпис на којшто се испишани 1858 година и имињата на мајсторите. На јужната страна има пет прозорци коишто се во висина над припратата. Прозорец има и на источниот ѕид, во висина над апсидата. Фасадата на црквата е обоена во целост е обоена во светло-кафеникава боја. Внатрешноста на црквата е несредена.

Камбанаријата има квадратна основа и е прилепена до западниот ѕид, непосредно од левата страна на главниот влез од цркварта. Таа е изградена од тули и е покриена со пирамидален лимен кров над кој има крст. На секоја страна во нејзиниот горен дел има по еден отворен прозорец. Црквата е оградена со камена ограда.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads