Црква „Св. Мина“ - Волковија

црква во селото Волковија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Мина“ - Волковијаmap
Remove ads

Свети Мина — главна селска црква во тетовското село Волковија, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во Горното Маало, веднаш пред основното училиште.

Историја

Сегашната црква била подигната во 1936 година.[2] Така запишал и Јован Трифуноски, при што новата голема црква ја заменила помалата црква, која постоела на тоа место.[3]

Според натписот над главниот влез, црквата била изградена во 1935 година во времето на кралот Караѓорѓевиќ и била осветена на 16 октомври 1937 година.

Архитектура

Црквата е трикорабна градба,[4] која поседува голема купола на средината, додека основата е крсна во облик на правоаголник. Внатре има мала галерија за хор и дрвен олтар. Во овој храм се чуваат значајни црковни предмети и книги.

Во дворот на црквата има камбанарија, сала за свечени собири и базен во кој се фрла крстот за време на Водици. Истиот е изграден во 2007 година.[2]

Во поново време има поставено нов покрив од лим, фасадата е малтерисана и варосана во бела и сива боја и во наосот е поставен нов под од керамички плочки.[4]

Фрескоживопис

Во црквата има делумен фрескоживопис. Постариот живопис од 1937 година се наоѓа во куполата и пандантифите, како и во олтарот. Овој живопис го има насликано зографот Данаил Фрчкоски.[4]

Од 2012 година е само една светителска претстава на северниот ѕид во трпезаријата, кое е дело на Никола Кузмановски.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads