Црква „Св. Никола“ - Мегленци
црква во селото Мегленци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола – главна селска црква во селото Мегленци.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од левата страна на патот.
Историја
Храмот бил изграден во 1880, по што била срушен во 1918, а бил обновен со името „Св. Воскресение“ во 1926 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е граден од камен, а горниот од бетонски тули. На секоја страна во горниот дел има по една отворена монофора. Камбанаријата е покриена со лимен пирамидален кров.
Галерија
- Поглед на црквата
 - Главниот влез
 - Нишата над главниот влез
 - Споредниот влез
 - Куполата
 - Апсидата
 - Камбанаријата
 - Источната страна на камбанаријата
 - Црквата (лево) со камбанаријата (десно)
 - Помошниот објект
 
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



