Црква „Св. Никола“ - Пласница
црква во селото Пласница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — главна селска црква во бродското село Пласница.[1]
Црквата е сместена во долниот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат малкуте христијански селски гробишта.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во селото Пласница, југоисточно од Кичево, на десниот брег на реката Треска.
Историја
Од ктиторскиот натпис се дознава дека црквата била подигната во 1484 година.[2] Според други извори се тврди дека црквата потекнува од 1785 година.[3]
Архитектура
Градба
Таа е мала еднокорабна гробишна црква.[2]
Камбанаријата на црквата потекнува од 1923 година.[4]
Фрескоживопис
Живописот црквата го добила истата година кога била и подигната, односно 1484 година. Стилските разбирања се блиски на т.н. мали работилници од крајот на XV век, чија активност се бележи во околината на Охрид и во посеверните делови.[2]
Се издвојува огромното допојасје на патронот Св. Никола Скоропомошник, допојасјето на Св. Климент Охридски и фигурата на Св. Кирил Солунски.[2]
Галерија
- Поглед на црквата
- Христијански гробишта во Пласница
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads