Црква „Св. Никола“ - Пуста Река
црква во селото Пуста Река, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — главна селска црква во крушевското село Пуста Река, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа во самото село Пуста Река. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена во самото средиште на Пуста Река, на околу 14,5 километри северозападно од Крушево.[3]
Историја
Црквата е подигната во 1881 година и во голем дел е зачувана во својата првобитна состојба. Била обновувана во 1932 година.[3]
Архитектура
Денешниот изглед на црквата е изменет, препокриена е со ќерамиди и поставени се олуци. Надворешните ѕидови на црквата се измалтарени и варосани во бела боја, така што автентичниот изглед на црквата е нарушен. Таа е ѕидана од камен и малтер. Пред влезот е подигната трпезација. Во основа, таа е еднокорабна засведена градба со правоаголна основа, со средишна полукружна апсида и две мали полукружни ниши од страните. Од надврешната страна олтарната апсида е петострана со полуобличест свод. Правоаголната основа е во внатрешноста е разбиена со две низи од по два пиластри, прилепени вдолж северниот и јужниот ѕид, поврзани со слепи лакови. Над лаковите обликувана е сводна конструкција која е создадена од дрвени талпи, врз кои потоа е нанесен малтер.[3]
Во црквата се влегува од западната страна. Влезниот портал е лачно обликуван и во полукружна лунета насликан е патронот на црквата. Во горната зона на ѕидовите се наоѓаат прозорски отвори – два на јужниот и по еден на северниот, источниот и западниот ѕид.[3]
Фрескоживопис
Над западниот влез има натпис од кој дознаваме дека црквата била живописана во 1887 година од страна на браќата зографи Вангел, Никола и Коста Анастасов од Крушево, кои работеле и во црквата „Св. Никола“ во село Долно Дивјаци, па го спровеле идентичниот иконографски ситем. Живописот од 1887 година е целосно сочуван и е во добра состојба.[3]
Сцените и фигурите на ѕидовите на олтарниот простор со композициите Служба на архиереите со Св. Модест, Св. Георги Палама, Св. Методија и Св. Кирил Александриски, со Богородица Ширшаја во конхата на апсидата, Визијата на Св. Петар Александриски и Жртвата на Аврам го потврдуваат вообичаениот тематски состав на декорацијата во овој дел од храмот. Репертоарот на сликаната декорација во најниската зона на наосот го сочинуваат: фигури на светители и светителки во цел раст, меѓу кои се и композициите на Св. Ѓорѓија на коњ кој ја убива ламјата, Вознесение на Св. Илија и Мачењето на Пророкот Илија.[3]
Во втората зона на јужниот и северниот ѕид се насликани сцени од циклусот Христови маки и страдања, а во третата зона сцени од циклусот Големи празници и тоа: патувањето на Тројцата халдејски Мудреци, Колежот на Витлеемските деца, Бегството во Египет и Воведението на Богородица во храм. Во четвртата зона, на јужниот и северниот полуобличест свод, се насликани низа на допојасни ликови на пророци во медалјони, а во темето на сводот се насликани сцените: Светото Тројство, Исус Христос Седржител и свети Јован Претеча. На западната фасада на црквата насликана е момументална композиција на Второто Христово Пришествие – Страшниот Суд.[3]
Иконостас
Олтарниот простор од наосот е одделен со висок иконостас, составен од шест престолни икони и 13 помали икони.[3]
Remove ads
Галерија
- Трпезаријата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Внатрешноста
- Иконостасот
- Влезот
- Ѕвоното
- Селските гробишта
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Натписот за фрескоживописот
- Апсидата
- Влезната порта
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads