Црква „Св. Петар и Павле“ - Брњарци
црква во селото Брњарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Петар и Павле — македонски православен храм во скопското село Брњарци.[1] Сместена е веднаш над последните куќи над самото село и кога се оди од подалеку или се вози по обиколницата над селото се забележува и препознатливо доминира белата купола на селската црква. Според податоците напишани на информативната табла на сретселото, црквата била изградена во 1950 година на местото каде што дотогаш постоел камен крст[2]. Старата црква била мала и изградена од камен, поради што обновата, проширувањето и реновирањето започнале во 1999, а биле завршени во 2002 година. Црквата била реновирана од сопствени средства и други донации од жителите на селото и околните селски населби. Во тек е изработката на иконостасот и завршување на цртањето на фреските. По повод Петровден - патрониот празник кој е и селска слава на Брњарци, во дворот на црквата се одржува општ народен собор со културно-уметничка програма.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads