Црква „Св. Петка Римска“ - Враништа

црква во Враништа, Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка Римска“ - Враништаmap
Remove ads

Света Петка Римска, нарекувана и Света Петка Римјанка, — помала црква во селото Враништа.[1] Црквата се наоѓа кај ОУ „Дедо Лазор Циркоски“.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Таму постоела мала црквичка изградена по Втората светска војна, која повторно била изградена. На тоа место постоеле и два суви бреста кои никој не смеел да ги исече, но поради старост паднале и двата.[2]

Почетокот на изградбата на црквата „Св. Петка Римјанка“ почнал во 2001 година, кога од страна на владиката г. Тимотеј бил осветен камен темелникот. Ктитори на црквата се верниците и црковниот одбор од Враништа, на чело со парохискиот свештеник Ристе Наумоски. Проектант на црквата е Петко Груевски. Фреските и иконите на иконостасот ги изработиле Васе и Тони Чурковски од Струга, а резбаниот иконостас е дело на Никола Костоски. Црквата била осветена на 16 септември 2007 година.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads