Црква „Св. Петка“ - Побожје

црква во селото Побожје From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Побожјеmap
Remove ads

Света Петка — главна селска црква во скопското село Побожје.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село, веднаш до самото основно училиште.[2]

Историја

Историските податоци навестуваат дека црквата постоела од средниот век.[2] Се претпоставува дека била подигната во втората половина XII век.[3]

Архитектура

Црквата претрпела повеќе интервенции во своето вековно постоење. Така, најпрвин била подигната како еднобродна градба со петтострана апсида на источната страна, полукружно засводена. Својот денешен изглед со трибродна диспозиција го добила со доградувањето на триделната припрата во 1855 година, кога првобитната црква се нашла како централен брод.[3]

Фрескоживопис

Според зачуваниот натпис над десниот прозорец од внатрешната страна дознаваме дека живописот бил завршен во 1500 година.[3]

Сепак, во црквата се сретнуваат фрагменти од живописи од различни периоди. Така, на крајот од нишата, под фреската со ликот на Свети Никола, се наоѓаат фрагменти (од уста и нос), насликани со интензивна боја и со изразит графицизам карактеристичен за втората половина на XII век. Друг живопис наоѓаме и на јужната фасада, кој потекнува од XIV век.[3]

Живописот во наосот бил насликан во две фази. Карактеристично за овој живопис е тоа што сликарот насликал толку светители колку што имал дарители и покрај секој светител е забележано, кој го дарил тој лик и потекнува од втората половина на XV век. Две или три децении од почетокот на живописувањето на наосот бил ангажиран еден друг сликар, кој го довршил живописот на горните зони од ѕидовите и сводот со средствата на сите селани, како што се истакнува на натписот од 1500 година. На сводот на црквата е сликан Исус Христос од Вознесението, Пантократор и една иконографска реткост - Емануил со крилја. Живописот во црквата Св. Петка, според стилските одлики ги следи решенијата на времето во кое настанал.[3]

Фрескоживописот бил конзервиран во текот на 2016 година со конзерваторски зафати направени од Националниот конзерваторски центар на Македонија, поддржани со финансиски средства од страна на Министерството за култура на Македонија.[4]

Иконостас

Црквата поседува иконостас од XVI век, кој бил со еден ред икони и царски двери. Денес, истиот тој иконостас е вклопен во иконостасот изработен околу 1880 година.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads