Чарлс Симиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чарлс Симиќ (Белград, 09 мај 1938 - Довер (Њу Хемпшир), 09 јануари 2023 ) – српско-американски поет, есеист и преведувач. Еден од најзначајните американски и светски поети и есеисти. Во 1990 година ја добил Пулицеровата награда за поезија, а во 2017 добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата[1].
Remove ads
Животопис
Чарлс Симиќ е роден како Душан Симиќ во 1938 година во Белград. Во 1953 година со семејството се сели во САД, претходно поминувајќи година дена во Париз[2]. Песни почнал да пишува во средно училиште, како што изјавува во едно интервју, за да им се допадне на девојките. На неговите поетски почетоци особено влијаеле американските поети: Волт Витмен, Емили Дикинсон, Волас Стивенс и др. Неговата прва стихозбирка „Што вели тревата“ (1967) одлично е примена од страна на критиката
Како преведувач е особено значаен за популаризација на поезијата на значајни поети од јужносвловенските земји. На англиски превел поезија од: Васко Попа, Иван В. Лалиќ, Љубомир Симовиќ, Милорад Павиќ, Бранко Миљковиќ, Новица Тадиќ, Радмила Лазиќ, како и три антологии на модерна српска поезија, Славко Михалиќ од Хрватска, Томаж Шаламун од Словенија. На англиски препеал и една збирка поезија од Славко Јаневски (2002).
Од 1973 година бил професор на универзитетот во Њу Хемпшир, каде предавал американска книжевност и творечко пишување. Живеел во Стафорд, Њу Хемпшир, а починал во Довер, Њу Хемпшир.
Remove ads
Дела
Поетски збирки:
- 1967, Што вели тревата
- 1969, Некаде меѓу нас каменот фаќа белешки
- 1971, Разградување на тишината
- 1972, Бело
- 1974, Враќање на местото осветлено со чаша млеко
- 1977, Харонова космологија
- 1978, Училиште за темни мисли
- 1980, Класични игри од балската сала
- 1982, Острини
- 1986, Бескрајна тага
- 1989, Светот не завршува
- 1990, Книга на богови и ѓаволи
- 1992, Хотел Несоница
- 1994, Венчавка во пеколот
- 1996, Шетајќи со црна мачка
- 1999, Jackstraws
- 2001, Ноќен излет
- 2003, Гласот во 3 попладне: избрани доцни и нови песни
- 2005, Моето немо страдање
- 2006, Мајмуни околу нас
- 2008, Таа ситница
- 2010, Мајстор на метаморфози
- 2015, Лудак
Збирки есеи:
- 1983, Творечки чин
- 1992, Четири творечки варијации
- 1993, 2008, Алхемија на ситничарницата
- 1995, Невработениот гледач
- 2003, Метафизичар во мракот
- 2006, И ѓаволот е поет
Remove ads
Награди
- Пулицерова награда за поезија
- Награда „Едгар Алан По“
- Награда на Американската академија
- Меѓународна награда за поезија „Грифин“
- Награда „Валас Стивенс“
- Награда Poeta Laureatus на Конгресната библиотека во Вашингтон
- Награда на српскиот ПЕН центар за превод на српската литература
- Медалја „Роберт Фрост“ за животно дело во поезијата
- Награда Вилчек за уметност и хуманистика
- Награда „Босански свеќак“ на меѓународната поетска манифестација „Сараевски денови на поезијата“
- Златен венец на „Струшките вечери на поезијата“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads