Шенек (Саксонија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шенек (Саксонија)map
Remove ads

Шенек (германски: Schöneck, исто така познат како Шенек/Фогтланд) — град во округот Фогтланд, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 18 километри југоисточно од Плауен и 35 километри северно од Хеб. Шенек е познат како најголемиот скијачки центар во источниот дел на Германија. Сместен на надморска височина повисока од 700 метри (црквата) претставува град на највисока височина во округот Фогтландкрајс. Припаѓа на т.н. музички агол.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Шенек во рамките на округот Фогтланд ...
Remove ads

Единици на градот

Делови на Шенек се Арнолдсгрин, Ешенбах, Гунцен, Корна, Котенхајде, Шилбах и Цвотентал.

Историја

Шенек станал град во 1370 година, но првпат бил споменат еден век претходно, кога замокот castrum Schoennecke бил спомнат како средновековен дворец.

По уништувачките големи пожари (1632, 1680, 1761 и 1856), Шенек се приклучил во индустријализацијата во XIX век. Главната дејност на градот била производството на цигари. Во 1875 била изградена железничката линија Фалкенштајн - Клингентал. Населението значително се зголемило до Втората светска војна, но подоцна повторно се намалило.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads