Шина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шина
Remove ads

Шиничелични греди со посебен пресек, кои се поставуваат на железнички прагови или на други потпори за да се образува пруга.[1][2] По неа се движи подвижниот состав на железничкиот сообраќај, градските железници, специјализираниот состав во рудници и каменоломи, опрема за кранови и слично.[3]

Thumb
Современа железничка пруга

Покрај тоа, полесни шини се користат во кинематографијата за движење на снимателските колички. Биле измислени од Старите Римјани, а првичната ширина меѓу нив изнесувала 143,4 см.

Шините служат за насочување на тркалата при нивното движење, директно го примаат и еластично го пренесуваат притисокот од тркалата на елементите под нив. На делови со електричен погон, шините служат како спроводници на повратна струја, а на делови со автоблокада — како спроводници на сигнална струја.

Remove ads

Материјал

Шините за железничкиот превоз се изработуваат од јаглероден челик. Квалитетот на челикот за шини се одредува според неговиот хемиски состав, микроструктура и макроструктура.

Јаглеродот ја зголемува цврстината и отпорноста на абење на челикот. Меѓутоа, големата содржина на јаглерод, под исти услови, го прави челикот кршлив. Хемискиот состав, при зголемување на содржината на јаглерод, мора построго да се одржува, особено во однос на штетните нечистотии. Легурачките додатоци како манганот ја зголемуваат цврстината, отпорноста на абење и жилавоста на челикот. Силициумот ја зголемува цврстината и отпорноста на абење. Арсенот ја зголемува цврстината и отпорноста на абење, но во големи количини ја намалува жилавоста. Ванадиумот, титанот и циркониумот се микролегурачки додатоци што ја подобруваат структурата и квалитетот на челикот.

Фосфорот и сулфурот се штетни нечистотии што ја зголемуваат кршливоста на челикот. Големата содржина на фосфор ги прави шините ладнокршливи, а големата содржина на сулфур — црвенокршливи (се создаваат пукнатини при валање).

Микроструктурата на челикот за шини е ламеларен перлит со жилички на ферит на границите на перлитните зрна. Цврстината, отпорноста на абење и жилавоста се постигнуваат со термичка обработка преку површинско (на 8–10 мм) калење на главата на шината или волуменско калење на целата шина, што на челикот му дава рамномерна сорбитна структура. Обемно калените шини имаат зголемена отпорност на абење и долговечност. Макроструктурата на челикот за шини треба да биде ситнозрнеста, рамномерна, без шуплини, еднородност и туѓи додатоци.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads