Ширјоо

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ширјоо
Remove ads

Ширјоо (死霊) во јапонскиот фолклор се душите на мртвите. Тие се спротивни на икирјоо, кои се душите на живите.[1]

Thumb
„Ширјоо“ од Газу Хјакки Јагјоо
на Секиен Торијама.

Историја

Класичната книжевност и фолклорните записи оставиле многу спомнувања за ширјоо, и тие имаат различни однесувања. Според јапонскиот речник Кооџиен, тие се сметале за онрјоо („одмаздољубиви духови“) кои ги опседнувале луѓето и им фрлале „татари“ (клетви или проклетства),[1][2] но освен опседнување на луѓето, и содавајќи им страдања како што биле способни икирјоо духовите, постојат и приказни во кои тие ги бараат оние луѓе кои се самоубиле, остануваат или се врзани за местата каде што умреле, и им се појавуваат на луѓето со кои се блиски, поздравувајќи ги, и притоа обидувајќи се да ги убијат за да им прават друштво на другиот свет.[3]

Во Тооно Моногатари, постои приказна во која еден човек починал, а потоа, неговиот ширјоо се појавил пред неговата ќерка и се обидел да ја земе со себе. Ќерката се исплашила, успевајќи да ги повика роднините и пријателите да дојдат, но дури и тогаш таткото се појавил и се обиде да ја одведе. По еден месец, тој конечно престанал да се појавува.[4][5]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads