ЈСП Скопје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје (скрат. ЈСП Скопје или само ЈСП) — претпријатие за јавен превоз во Скопје, главно во таа дејност во градот, а и најголемото во Република Македонија со 70 милиони патници превезени во 2006 г. и 1.400 вработени. Во рамките на препријатието спаѓа и подружницата ЈСП Турс (препријатие за туристички и меѓуградски превоз) и жичницата „Милениумски крст“ на планината Водно.
Кратки факти Вид, Дејност ...
Вид | јавно претпријатие |
---|---|
Дејност | јавен превоз |
Основано | 1948 |
Седиште | бул. Александар Македонски бр. 10, , |
Клучни личности | Александар Стојковски (ген. дир.) Горан Илијевски (прет. на УО) |
Производи | автобуски превоз, маркетинг, сервисирање на автобуси |
Вработени | 1,339[1] (2014) |
Подружници | ЈСП Турс |
Мреж. место | www.jsp.com.mk |
Затвори
Покрај тоа, претпријатието има и Музеј на стари автобуси, сместен во автобазата во населбата Ѓорче Петров. Основан е во јануари 2014 г.[2]