Јадрено соединување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јадрено соединување или нуклеарна фузија — јадрената физика се подразбира јадрена реакција во која две или повеќе атомски јадра со голема брзина се судираат и создаваат ново атомско јадро. За време на овој процес, материјата не е запазена, односно дел од материјата се претвора во фотони (енергија). соединување е процесот со кој се создава енергија во активните ѕвезди.
При соединување на две атомски јадра кои имаат помала маса од железото (кое, заедно со никелот, има најголема сврзувачка енергија) најчесто се ослободува енергија, додека при соединување на две атомски јадра со поголема маса се апсорбира енергија. Спротивното важи и за спротивниот процес, јадрено цепење. Ова значи дека соединувањето најчесто се јавува кај полесните елементи, додека фисијата се јавува кај потешките елементи. Постојат астрофизички процеси кои може да предизвикат краткотрајно соединување на потешки атомски јадра. Ваков процес е нуклеосинтезата, создавањето на тешки елементи за време на процеси како што е суперновата.
По откривањето на тунелскиот ефект од страна на Фридрих Хунд, во 1929 година Роберт Аткинсон и Фридрих Хаутерманс ги користеле измерените маси на лесните елементи за да докажат дека големи количества на енергија можат да бидат ослободени со соединување на мали атомски јадра. Базирајќи се на експериментите на јадрена трансмутација на Ернест Радерфорд, извршени неколку години претходно, лабораториското соединување на изотопите на водород првпат го извел Марк Олифант. Во подоцнежните години, најголем придонес околу јадреното соединување во ѕвездите дал Ханс Бете и со тоа ја освоил Нобеловата награда во 1967 година.
Истражувања за користење на јадреното соединување за воени цели започнале во четириесеттите години на минатиот век како дел од Менхетен проектот. Соединувањето е првпат успешно изведени при атомската проба Greenhouse Item во 1951 година. Јадрено соединување во големи размери за првпат било изведено на 1 ноември 1952 година при Ivy Mike тестирањето при што била детонирана водородна бомба.