Атомско јадро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Атомско јадро — густа област која се состои од протони и неутрони во центарот на атомот. Атомското јадро е откриено во 1911 година од страна на Ернест Радерфорд врз основа на експериментот со Гајгер-Марсденовата златна фолија во 1909 година. По откривањето на неутроните во 1932 година, моделот на јадрото составено од протони и неутрони брзо било развиено од страна на Дмитриј Иваненко[1] и Вернер Хајзенберг.[2][3][4][5][6] Речиси целата маса на атомот се наоѓа во јадрото, со многу мал придонес од електронскиот облак. Протоните и неутроните се поврзани заедно со што образуваат јадро под дејство на јадрената сила.
Пречникот на јадрото е во опсег од неколку фемтометри 1.75 (1,75⋅10-15 м) за водородот (пречникот на еден протон)[7] до 15 fm за најтешките атоми, како што е ураниумот. Овие димензии се многу помали од пречникот на самиот атом (јадро + електронски облак), за фактор од околу 23.000 пати за ураниумот и за околу 145.000 пати за водородот.
Науката која се занимава со проучување и разбирање на атомското јадро, вклучувајќи го и составот и силите кои го сврзуваат, се нарекува јадрена физика.