Јапонски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јапонските јазици се јазично семејство каде спаѓа јапонскиот што се говори на главните острови на Јапонија како и рјукјуанските јазици од островската група Рјукју. Поимот „јапонски јазици“ (Japonic languages) го вовел американскиот лингвист Леон Серафим.[1] Заедничкиот предок на јазиците се нарекува прајапонски јазик.[2] Главен елемент на оваа класификација е првото подвојување во семејството, со што сите јапонски наречја од говорите на рјукјуанскиот. Според Широ Хатори, ова одделување се случило за време на Јаматскиот период (250–710).[3]
Јапонски | |
---|---|
Географска распространетост: | Јапонија |
Класификација: | нејасно, можеби алтајско |
Гранки: |
рјукјуанска
преткарска (предгајска)?
|
Ethnologue: | 17-1710 |
ISO 639-2 и 639-5: | jpx |
Карта на јапонските јазици |
Академската расправа за потеклото на јапонските јазици има ред неразрешени прашања.[4] Најјасни врски дава топонимијата во јужна Кореја, која може да е од кајско (карско) потекло, или пак од некои други мошне слабо евидентирани јазици.[5]