From Wikipedia, the free encyclopedia
Јордан Бадев (25 февруари 1888 во Битола — 20 септември 1944 во Софија, Бугарија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, литературен критичар, публицист и новинар во Бугарија.
Бадев е роден во 1888 година во Битола, тогаш во Отоманското Царство. Во 1906 година завршува Битолска машка гимназија. Студирал словенска филологија на Софискиот универзитет, а потоа учи во Лозана. Се враќа во Македонија и учителствува во Битола, Самоков и Софија. Во 1911 година Бадев ја поддржува иницијативата за создавање на легална политичка партија на Македонците - егзархисти во Отоманското Царство - проект кој пропаѓа поради зајакнувањето на политичките тензии и избувнувањето на Првата балканска војна [1]. По Втората балканска војна во 1913 година се населува во Бугарија и станува учител во Софија. Еден од членовите-основачи на Македонскиот научен институт [2].
Почнува да се занимава со литература и новинарство. Пишува во списанието "Златорог" и во весникот "Зора", а од 1931 година е уредник на културните прашања на "Зора". Уредува весниците "Народност" и "Миргород". Бадев има голем број на статии во врска со бугарската литература - како обшотеоретични статии и прегледи, така и портрети и погледи. Во 1938 година излегува неговата книга "Животот и уметноста" [3].
Бадев е масон[4] и активен учесник во македонското ослободителното движење. Одржува тесни контакти со раководителите на обновена по Првата светска војна, ВМРО, од која добива парична издршка [5]. По поделбата на организацијата на Протогеровисти и Михајловисти, тој застанува на страната на Протогеровистите.[6] Пишува во весникот "Македонија".[7].
Во годините пред Втората светска војна е приврзаник на ориентација на Бугарија кон Третиот Рајх, политика во која тој гледа надеж за позитивно решавање на македонското прашање. Бадев е автор на неколку книги, како "Даме Груев. Живот и дело "(Скопје, 1943) и многу статии посветени на учесници во македонското движење [8]. Бадев е и автор на потпишаната од ВМРО книга "Заговорот против Тодор Александров" [9].
Бадев е убиен без суд и пресуда по Деветосептемврискиот удар во 1944 година. Во март 1945 година е осуден посмртно на Случај № 6 на интелектуалците од серијата процеси на т.н. Народен суд [10] Реабилитиран е в 1996 година од Врховниот Суд на Бугарија.[11].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.