Јохан Себастијан Бах
германски композитор и музичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јохан Себастијан Бах (германски: Johann Sebastian Bach; Ајзенах, 31 март 1685 – Лајпциг. 28 јули 1750) — прочуен германски композитор и оргулар чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритми и текстури, особено италијански и француски.
Јохан Себастијан Бах Johann Sebastian Bach | |
---|---|
Портрет на Бах од Е.Г. Хаусман (1748) | |
Животописни податоци | |
Родено име | Јохан Себастијан Бах |
Познат(а) и како | Бах |
Роден(а) | 31 март 1685
Ајзенах Тирингија |
Починал(а) | 28 јули 1750
Лајпциг, Саксонија |
Жанрови | барок |
Занимања | композитор оргулар чембалист |
Бах се смета за еден од најголемите композитори во заради неговата моќна измазнетост на стилот и огромниот опус.[1][2] Неговите дела се високо ценети за нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина: Некои од неговите најславни дела се: Бранденбуршки концерти, свитите и партитите за клавијатура, Мисата во ха-мол, Житието на Св. Матеј, Музички дар, Уметноста на фугата и голем број кантати, од кои денес се зачувани 220. Подолу можете да чуете еден пример за неговите стилистички одлики во хорот Ehre sei Gott in der Höhe од Божиќниот ораториум, напишан во 1734 г., во зрелиот период на неговото творештво.