Југословени
From Wikipedia, the free encyclopedia
Југословени е поим со кој се означува наднационално чувство на етничка припадност. Може да се сфати во повеќе конотации:
- Југословени во гео-политичко (и историско) значење може да се користи како заедничко име за јужнословенските народи на поранешна Југославија (Македонци, Муслимани, Словенци, Срби, Хрвати, Црногорци).
- Југословени во историографско значење може да се користи како име за народот на Југославија, политика на присилно создавање на југословенски народ за време на Кралството Југославија. Оваа политика тежнеела кон сублимирање на Словенците, Србите и Хрватите (своевремено единствени признаени рамноправни народи во рамките на Југославија) во единствен, југословенски народ. Постапката била во склад со државното мото на Кралството: една држава, еден народ, еден крал.
- Југословени е термин со кој, употребуван во етничка смисла, се самоидентификуваат некои од луѓето чии родители се од различна етничка припадност (од рамките на јужнословенските народи од поранешна Југославија). Оваа употреба на терминот е и најчеста. Најголемата концентрација на Југословени како етничка заедница, разбирливо, е во етнички мешаните региони на Југославија. Иако по распадот на СФРЈ (1991-1992) голем дел од припадниците на овој етникум за себе избрале друга етничка припадност, одреден број на Југословени сѐ уште продолжува себеси да се идентифицира со оваа етничка припадност. Југословените не се прифатени како народ во вистинска смисла (на пример не се вбројуваат како посебен јужнословенски народ). Интересно, тие не биле уставотворен народ ниту во СФРЈ.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |