![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/InnerSolarSystem-mk.png/640px-InnerSolarSystem-mk.png&w=640&q=50)
Јупитеров тројанец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јупитеров тројанец, вообичаено тројански астероиди или само тројанци — астероиди кои ја споделуваат орбитата на Јупитер околу Сонцето. Релативно на Јупитер, секој од тројанците либрира околу еднастабилните Јупитерови Лагранжови точки: L4, кои се наоѓаат на 60° пред планетата во нивната орбита, и L5, 60° зад орбитата. Јупитеровите тројанци се распределени во две издолжени, закривени области околу Лагранжовите точки со просечна големата полуоска од околу 5,2 AU.[1]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/InnerSolarSystem-mk.png/640px-InnerSolarSystem-mk.png)
Јупитерови тројанци Хилдини астероиди |
Главен астероиден појас Планетарни, орбити |
Првиот Јупитеров тројанец кој е забележан е 588 Ахил, од страна на германскиот астроном Макс Волф во 1906 година.[2] Вкупно забележани се 7.040 Јупитерови тројанци од октомври 2018[update] .[3] По договор, тие се именувани според старогрчката митологија според учесниците во Тројанската војна, оттука името „Тројанец“. Вкупниот број на Јупитерови тројанци со пречник поголем од 1 км се верува дека изнесува повеќе од 1 милион, прилично подеднакво на бројот на астероиди поголеми од 1 км во Главниот астероиден појас.[1] Како и астероидите во Главниот астероиден појас, Јупитеровите тројанци создаваат семејства.[4]
Јупитеровите тројанци се темни тела со црвеникав, без особености спектар. Не постои цврст доказ за присуство на вода, или пак какво било соединение на нивната површина, но се верува дека тие се обвиени со толини, органски полимери создадени од Сончевото зрачење.[5] Густините на Јупитеровите тројанци (мерени според истражувањето на двојните ѕвезди или вртежните светлински криви) се движат од 0,8 до 2,5 g·cm−3.[4] Јупитеровите тројанци се верува дека се зафатени во орбитите во почетните фази на создавање на Сончевиот Систем или малку подоцна, за време на планетарната миграција на џиновските планети.[4]
Поимот „Тројански астероид“, точно се однесувана астероидите во соорбита со Јупитер, но општиот поим „тројанец“ честопати се однесува на малите тела во Сончевиот Систем кои се во ист однос со поголемите тела: на пример, постојат и Марсови тројанци и Нептунови тројанци,[6] како и неодамна откриените Земјини тројанци.[7][8] Поимот „Тројански астероид“ вообичаено се однесува на Јупитеровите тројанци бидејќи тројанците биле првично откриени во Јупитеровата орбита која и ги има најголемиот број на познати тројанци.[3]