Џалалудин Руми
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мевљана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми, наречен и Џелаледин Мевљана Руми (персиски: مولانا جلال لدین محمد رومی, турски: Mevlânâ Celâleddin Mehmed Rumi, 30 септември 1207 – 17 декември 1273) —персиски поет, правник и теолог. Руми значи „Римјанин“, бидејќи умрел во Анадолија, која била под Римската Империја два века пред тоа.
Џалалудин Руми مولانا جلالالدین محمد بلخی | |
---|---|
Статуа на Руми во Буџа, Измир | |
Звање | Мевљана |
Роден | 1207 Балк (денешен Авганистан)[1] |
Починал | 17 декември 1273 Конија (денешна Турција) |
Почивалиште | Конија (денешна Турција) 37°52′14.33″N 32°30′16.74″E |
Народност | Персиец |
Период | среден век |
Подрачје | Хорезмиско царство (Балх: –1212 и 1213–17; Самарканд: 1212–13)[2] Икониски Султанат (Малатија: 1217–19; Акшехир: 1219–22; Ларенде: 1222–28; Конија: 1228 до смртта во 1273 г.) |
Правец | ханефизам, суфизам; ученците го основале редот Мевлевии |
Поважни интереси | суфиска поезија, дервишко вртење, муракаба, зикр |
Значајни идеи | персиска поезија, неј и дервишки танц |
Значајни дела | „Меснавија“, „Дивани на Шемс Тебризи“, „Фихи ма фих“ |
Влијаел врз
| |
Влијанија од
|
Роден е во Вахш (денешен Таџикистан), а починал во Конија (денешна Турција). Поезијата ја пишувал на персиски, а делата му се читаат насекаде во Иран, Авганистан, Таџикистан, Узбекистан, а преводите особено во Турција, Азербејџан, САД и јужна Азија. Живеел и творел за времето на Селџуците.[3] Освен персиска поезија, пишувал и по нешто на арапски, грчки и огуски турски јазик.
Се смета дека важноста на Руми ги надминува националните и етничките граници. Низ вековите тој имал значително влијание врз персиската како и урду и турската книжевност. Неговите песни се преведени на сите значајни светски јазици, вклучувајќи го и македонскиот.
По смртта на Руми, неговите следбеници го основале редот Мевлевии (вртечки дервиши) чие обожување во облик на танц со музика се нарекува сема.