Џиро д’Италија 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2012 било 95. издание на Џиро д’Италија. Оваа година започнала во данскиот град Хернинг,[1] а завршила во Милано. Целосната рута на Џиро д’Италија 2012 била објавена во средината на октомври. По првпат од изданието во 2007 немало да има планински хронометар. Бојата на маичката за планинскиот пласман била променета за овогодишното издание од зелена во сина. Потегот дошол, како знак на добра волја за спонзорот Банка Медиоланум, која ја продолжила соработката со Џиро во делот на планинскиот пласман во наредните четири години.[2]
Светска турнеја на UCI 2012, трка 15 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 5–27 мај | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.502,1 км | ||
Време | 91ч 39' 02" (24 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Рајдер Хесједал (КАН) | (Гармин-Баракуда) | |
Втор | Хоаким Родригес (ШПА) | (Катјуша) | |
Трет | Томас де Гент (БЕЛ) | (Вакансолел-ДКМ) | |
Бодовен | Хоаким Родригес (ШПА) | (Катјуша) | |
Планински | Матео Работини (ИТА) | (Фарнезе Вини-Селе Италија) | |
Младински | Ригоберто Уран (КОЛ) | (Тим Скај) | |
Екипен | Лампре-ИСД | ||
Екипни бодови | Гармин-Баракуда | ||
← 2011 2013 → |
Трката била освоена од канадскиот велосипедист Рајдер Хесједал од Гармин-Баракуда,[3] станувајќи прв возач од неговата држава, кој освоил Гранд Тур трка; тој исто така станал само втор возач, кој ја презел водечката маичка од друг возач на последниот ден, по Франческо Мозер во 1984.[4] Хесједал го освоил генералниот пласман со 16 секунди пред неговиот соперник Хоаким Родригес од Шпанија, претставувајќи ја Катјуша – најблиска разлика помеѓу победникот и вицешампион откога Еди Меркс го победил Џанбатиста Барончели за 12 секунди во изданието од 1974[5] – кој исто така освоил две етапи и бодовниот пласман,[6] победувајќи го спринтерот од Тим Скај Марк Кевендиш за еден бод. Третото место му припаднало на возачот на Вакансолел-ДКМ Томас де Гент од Белгија, откако се покажал особено силен на последните две етапи на трки; ја освоил кралската етапа на трката, завршувајќи на највисоката точка на рутата, на Пасо дело Стелвио и исто така завршил во првите пет на хронометарот.[7] Со тоа, тој добил значително време да се помести од деветтото на третото место на овие етапи, станувајќи првиот белгиски возач, кој зазел подиум на Гранд Тур по Јохан Брујнел, кој завршил трет на Вуелта а Еспања 1995.[8]
Во другите пласмани на трката, возачот на Тим Скај Ригоберто Уран од Колумбија, завршил како најдобар возач со возраст 25 или помалку во пласманот за млад возач,[9] завршувајќи како седми во крајниот пласман; планинскиот пласман бил освоен од Италијанецот Матео Работини од екипата Фарнезе Вини-Селе Италија, постигнувајќи речиси двојно повеќе бодови од најблискиот конкурент во пласманот. Работини бил единствениот Италијанец, кој се искачил на подиум, бидејќи по првпат од 1995,[10] ниеден италијански возач на завршил во првите тројца во генералниот пласман, па така возачот на Лампре-ИСД Микеле Скарпони – шампионот од минатата година – успеал да го заземе само четвртото место.