Џиро д’Италија 2018
издание 2018 на велосипедската трка Џиро д’Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2018 (позната и како Трка околу Италија 2018) — 101. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 4 и 27 мај како дваесет и први настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 101. Џиро д’Италија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2018 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 4 – 27 мај | ||
Растојание | 3.562,9 км | ||
Држави | Италија Израел | ||
Поаѓалиште | Ерусалим | ||
Одредиште | Рим | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 149 | ||
Просечна брзина | 40,012 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Крис Фрум (Тим Скај) | ||
Второпласиран | Том Димулен (Тим ДСМ) | ||
Третопласиран | Мигел Анхел Лопес (Астана) | ||
Бодовен | Елија Вивијани (Квик-Степ Флорс) | ||
Планински | Крис Фрум (Тим Скај) | ||
Спринтерски | Давиде Балерини (Андрони Џокатоли-Сидермек) | ||
Младински | Мигел Анхел Лопес (Астана) | ||
Борбеност | Давиде Балерини (Андрони Џокатоли-Сидермек) | ||
Breakaway | Марко Фрапорти (Андрони Џокатоли-Сидермек) | ||
Екипен | Тим Скај | ||
◀2017 | 2019▶ | ||
Документација |
Џиро започнала во Ерусалим на 4 мај со поединечен хронометар во должина од 9,7 километри, по што следеле уште две етапи во Израел. По денот за одмор, имало уште 18 етапи во Италија пред да стигнат во Рим на 27 мај.[3] На почетокот на Џиро д’Италија 2018 била оддадена и почит кон италијанскиот велосипедст Џино Бартали, трикратен победник на Џиро д’Италија. Бартали помогнал во спасување на стотици италијански Евреи во текот на Холокаустот и бил прогласен во 2013 година од Јад Вашем како Праведен помеѓу народите.[4]
Трката била освоена од возачот на Тим Скај, Крис Фрум, кој со тоа ги држел во посед сите три титули на големите трки истовремено и станал првиот британски возач кој го освоил генералниот пласман на Џиро. Фрум паднал пред прологот и губел време во првите две недели. Во завршната недела, меѓутоа, ја освоил етапата која завршувала на Ѕонколан, а подоцна освоил неколку минути пред сите останати на етапата 19 со возење опишано како „за историските читанки“.[5] На крајот го поразил бранителот на титулата, Том Димулен, со 46 секунди.[6]