From Wikipedia, the free encyclopedia
Абортус или пометнување — прекин на бременост. За абортусот не постои единствено гледиште. Бранителите на абортусот своето гледиште го темелат на тоа дека жената има неотуѓиво право на своето сопствено тело. Темата на абортусот е централна во феминистичката теорија и во политиката. Аргументите за абортусот се темелат на ставот дека жената треба да има контрола над своето тело и моќ за самоопределување, бидејќи тие се најпогодени од репродукцијата и тие и треба да одлучат; според други гледишта абортусот претставува убиство. Сепак, правото на жената да избира е значајно и политички и поединечно и значи повеќе од борба за права.[1]
Неутралноста на оваа содржина е оспорена. Ве молиме видете ја дискусијата на разговорната страница. Ве молиме не отстранувајте ја оваа порака сѐ додека спорот не е завршен. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тек сличен на породувањето и ретко има компликации. Во нашата средина под абортус често се подразбира само намерен, со цел да се прекине бременоста – arteficialis. Предизвиканиот абортус е многу чувствителна тема и имa многу проблеми кои не можат да се запостават. Познато е дека во нашата земја се прават сè повеќе абортуси и покрај тоа што многу приватни клиники не го пријавуваат тоа. Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себеси носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.
Денес право на барање за прекин на бременоста има секоја бремена, полнолетна жена. Барањето се подава во здравствена установа (генеколошко-акушерско одделение и клиники) со доказ дека бременоста нема повеќе од десет недели и прекинот на бременоста нема да го загрози здравјето на жената.
По Законот за прекин на бременост, абортусот го извршува лекар специјалист во здравствена установа која располага со соодветна медицинска опрема. Ако е почеток спонтан абортус, а е загрозен животот на плодот или на бремената жена или нејзината репродуктивна способност, прекинот на бременоста може да се изврши во здравствена установа која не ги исполнува горе споменатите услови од страна на лекарот кој не е специјалист.
Доколку бременоста е постара од десет недели, задолжително се состанува комисија која ќе одлучи дали треба да се изврши абортус. Прекинот на бременоста која е постара од десет недели ќе биде одобрена ако постојат одредени причини. Тие причини се:
Секоја медицинска интервенција, па и абортусот со себе носи ризик од компликации. На зачестеноста на компликациите влијаат многу фактори: Староста на жената, здравствената состојба и траење на бременоста, техниката на зафатот, анестезијата, додатни операции, стручноста на гинекологот, хигиенски услови .
Процентот на ризикот и можните компликации кај абортусот во првото тромесечие е многу мал. Колку е постара бремената жена можни сè поголеми компликации после абортусот. Сите компликации освен инфекциите се релативно ретки.
Компликациите во однос на времето на настанување можат да се поделат на рани и доцни.
Најголемиот број на жени абортираат до десеттата недела од бременоста. Бидејќи тоа е период кој е дозволен според законот. После овој период одлуката ја донесува првостепената или второстепената комисија доколку постојат индикации за прекинување на бременоста. Абортусите кои се пред десеттата недела се полесни, посигурни и поевтини во однос на оние кои се после десеттата недела од бременоста.
Поголемиот број од жените чувствуваат олеснување, но треба да се има предвид дека хормонските промени кои настануваат можат да предизвикаат чувство на тага, лутина или вина. Сериозните, долготрајни емоционални проблеми после абортусот се ретки и невообичаени, за разлика од самото породување каде се многу чести.
Овие проблеми најчесто се јавуваат ако:
Не, не постојат докази дека правилно извршен абортус може да доведе до пореметување на наредната бременост: бременоста која е надвор од матката, пореметување на плодот, спонтан абортус, предвремено породување или раѓање на мртво дете во иднина.
Прекинувањето на бременоста пред плодот да наполни 28 недели чија телесна тежина изнесува помалку од 1000 грама и не е способен да преживее.
Најчести причина се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.