Амортизација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Од економски аспект, амортизацијата го претставува трошењето на долгорочните средства кои фирмата ги употребува во период подолг од една година, а од финансиски аспект тоа се парични средства со кои се овозможува замена на потрошените долгорочни средства со нови.
Целта на пресметка на амортизацијата за сметководствени цели е да се процени векот на употреба и да се определи методот на амортизацијата со кои трошокот на амортизацијата ќе овозможи искажување на реална и објективна вредност на долгорочните средства, а соодветно на тоа и реално и објективно искажување на резултатите од работењето.Пресметката на амортизацијата се темели на сметководствените политики на претпријатието и одредбите на Меѓународните сметководствени стандарди. Терминот има латинско потекло и означува „умртвување“.
Амортизираат се долготрајните активи и нематериалните. Моралното трошење се должи на развивањето на технологиите, а физичкото трошење е сврзано со елементите на машината, без кои таа не може да работи. Амортизацијата не се пресметува на земји, гори, споменици на културата, наполно амортизирани активи, коишто се во процес на придобивање. Овде има мал исклучок: при новоизградена зграда ако дел од неа може да се искористува полноценетоо, амортизациите ќе се пресметуваат само за оној дел.