Анри де Тулуз-Лотрек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Анри де Тулуз-Лотрек (Париз, 24 ноември 1864 - Париз, 9 септември 1901) — француски сликар, голем мајстор на литографијата чии омилени мотиви беа личности и настани од ноќниот живот во Париз. Анри де Тулуз-Лотрек се има ограничено, речиси исклучително, на сцени од ноќниот живот на Монмартр во Париз. Ликовите се насликани без ни малку сентименталност, сугестивни, но без иронија и со остра карактеризација на ликовите. Неговите дела имаат висока уметничка вредност и претставуваат незаменлив општествен документ.