Боемство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боемство — практика на неконвенционален начин на живот, често во друштво на истомисленици, со неколку постојани врски, вклучувајќи музичка, уметничка или книжевна определба. Во овој контекст, боеми можат да бидат скитници, авантуристи, или вагабонти.
Оваа употреба на зборот првпат се јавила во XIX век за да се опише нетрадиционалниот начин на живот на маргинализираните и осиромашени уметници, писатели, новинари, музичари и глумци во поголемите европски градови. Боемите се поврзани со необични или анти-естаблишмент политички или општествени ставови, кои често се изразуваат преку слободната љубов, скромноста, а во некои случаи, доброволната сиромаштија. Богатите и привилегираните, дури и аристократски, боемски кругови понекогаш се нарекуваат „високо боемство“ (фр. haute bohème)[1].[2]