Аркадиј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Флавиј Аркадиј (латински: Flavius Arcadius) (377 / 378-1 мај 408) бил цар на Источното Римско Царство во периодот од 395 до 408 година. Во некои историски извори, Аркадиј е претставен како првиот византиски цар.
Кратки факти Аркадиј, На престол ...
Аркадиј | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски цар | |||||
Биста на царот, која денес се наоѓа во Археолошкиот музеј во Истанбул.[1] | |||||
На престол | 383 – 395 | ||||
Претходник | Теодосиј I | ||||
Наследник | Теодосиј II | ||||
Роден(а) | 377/8 Шпанија | ||||
Починал(а) | 1 May мај (30 или 31) | ||||
Сопружник | Елија Евдоксија | ||||
Деца | Флацила Елија Пулхерија Аркадија Теодосиј II Марина | ||||
| |||||
Династија | Теодосиева династија | ||||
Татко | Теодосиј I | ||||
Мајка | Елија Флацила | ||||
Вероисповед | христијанство |
Затвори
Аркадиј бил најголемиот син на Теодосиј I и Елија Флацила. Роден во Шпанија, непосредно пред стапувањето на Теодосиј на престолот, Аркадиј ја добил титулата август од својот татко во јануари 383 година и станал негов соцар и наследник. Помалиот брат Хонориј исто така бил прогласен за август во 393 година. Откако Теодосиј I Велики починал во јануари 395 година Римското Царство била поделена за последен пат на источна на чело со Аркадиј и западна на чело со Хонориј.